
После трите последователни порази, тимот на Колорадо Аваланш се врати на победничките патеки, откако синоќа славеше над Сан Хозе Шаркс со 3-0.
Во првата третина, мрежата на Мартин Џонс ја затресоа Габриел Ландеског и Кејл Макар, кои му донесоа предност на Колорадо од 2-0.
Во самиот финиш, Сан Хозе беше приморан да игра со празен гол, а сето тоа го искористи Мико Рантанен, кој стрелаше за конечни 3-0.
Голманот на победничкиот состав, Филип Грубауер, дојде до шестиот овосезонски шут-аут, откако одбрани 21/21 противнички шут.
На табелата на Источната дивизија, Колорадо го држи второто, а Сан Хозе – шестото место.



