Maкедонија славеше на гостувањето против ослабената Финска со 22-27, иако на полувреме губеше со 14-12. Најзаслужни за победата на Македонија беа голманите Томовски и Митревски кои заедно имаа 16 одбрани и ги исправаа грешките на нашата одбрана. Во нападот Македонија промаши 6 седмерци но сепак на крајот славевме победа.
Кире Лазаров и Филип Кузмановски беа најефикасни на денешниот натпревар кај Македонија со по 5 постигнати гола, но и двајцата промашија по 2 семерци, 4 гола постигна Гоце Георгиевски, а по 2 Талески и Стоилов.



