Уште една победа на МЗТ Скопје Аеродром во серијата на оние заостанати натпревари од регуларниот дел од сезоната. особено ако се земе в предвид дека ривал им беше вториот тим од Аеродром, МЗТ Скопје Уни Банка.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА 94:69
Најдобар кај победникот беше Гравет со 19 поени, пред Крстевски со 12 поени, додека кај помладиот МЗТ, Тодоровски постигна 23 поени, пред Монтгомери и Андоновски со по десет постигнати поени.



