Еурофарм Пелистер, Металург, Вардар 1961 и Бутел ќе бидат учесници на новиот „фајнал-фор“ турнир во Купот на Македонија во машка конкуренција. Денес во Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за завршниот турнир. Во полуфиналето силите ќе ги вкрстат Вардар и Металург, додека во второто полуфинале ќе се пресметаат Еурофарм Пелистер и Бутел.

Полуфинални парови во Купот на Македонија:
- Вардар – Металург
- Еурофарм Пелистер – Бутел
„Фајнал-фор“ турнирот ќе се одржи во салата „Автокоманда“ во Скопје од 14 до 16 мај, a бранител на титулата е тимот на Металург.



