Во тимот на Еурофарм Пелистер започнаа промените за новата сезона. По потписот со голманот на Вардар, младиот Марко Кизиќ најавено е заминувањето од Битола на капитенот Градимир Чаневски после пет минати години во Битолскиот тим.
Според разговорите со десното крило црногорецот Мирко Радовиќ на крајот на сезоната заминува и тој од дресот на Еурофарм Пелистер. Низ Битолската чаршија или популарниот “Широк Сокак” на големо се зборува за трансферот и доаѓањето на десното крило на Металург, хрватскиот ветеран и репрезентативец Златко Хорват кој бил огромна желба на тренерот Жељко Бабиќ. Со ова во Еурофарм Пелистер би се зголемила хрватската колонија на репрезентативци после Мандалиниќ, Кушан и Мараш.



