Првиот денешен меч од шестото коло на АФЛ го донесе и најизненадувачкиот резултат во досегашниот дел од сезоната.
Имено, Голд Коуст Санс успеаја да триумфираат со (15.10) 100-60 (9.6) над Сиднеј Свонс.
За Свонс, ова е втор пораз во низа после воведните четири врзани победи, кој сепак ги остави на петтото место на табелата.
Од друга страна, Санс триумфираа по вторпат сезонава и скокнаа на единаесеттата позиција.
На мечот, во првите три четвртини, Голд Коуст цело време ја градеше својата предност, која после шеесет минути игра изнесуваше максимални +49.
Последниот квартал им припадна на гостите од Сиднеј (16-25), но тоа беше доволно само за да се ублажи поразот.
Најефикасниот играч на мечот беше Бен Кинг (Голд Коуст), кој постигна вкупно 31 поен (5.1).
Од неговите соиграчи се истакнаа уште Бен Еинсворт (3.1), Изак Ранкин (2.0) и Џош Корбет (2.0).
Од друга страна, кај Сиднеј, во отсуство на асот Ленс ,,Бади” Френклин, најдобар поентерски учинок имаа Хејден МекЛин (2.0) и Том Пепли (1.1).
📸 Chris Hyde/Getty Images



