Одбојкарките на Јанта волеј Кисела вода ја освоија шампионската титула за сезоната 2020/21 во Првата македонска лига. Во супер-интересната мајсторка од финалната серија тие го совладаа тимот на Вардар жени 2019 на гости со 3:2 (22:25, 26:24, 14:25, 26:24, 15:11)
По 2017 и 2019, одбојкарките на Јанта повторно се качија на тронот, па сега имаат четири титули во витрините сметајќи ја и годинашната во купот заработена во финалето во Струмица токму против вардарки. Покрај Собол која блесна со 35 поени идентично како на третиот натпревар во понеделникот, кај Јанта волеј Кисела вода двоцифрени беа и Симона Стојановска со 35 и Сара Серафимова со 12 поени. Кај Вардар, Кубанката Ајдачи Агуеро денеска реазизираше 33 поени, Љиља Ковачевиќ и беше одлична поддршка со 19. За Јанта Волеј ова е двојна титула оваа година откако го освои и купот.



