Неверојатната серија од шеснаесет средби без пораз на Блекпул беше прекината денес, во рамките на 43. коло од англиската Лиг 1, од неочекуван ривал.
Имено, поранешните премиерлигаши беа поразени на ,,Спортленд Стадиум” со 1-0 од страна на Рочдејл.
Популарните ,,Дејл”, иако имаа аутсајдерска улога, сепак беа поконкретни на денешниот меч.
Единствен фудбалер што ја затресе мрежата на противниците беше Оливер Ратбоун (69′), кој се запиша во листата на стрелците по третпат сезонава.
Новите три поени се од екстремно значење за Рочдејл, кој ги оживеа своите надежи за опстанок, додека Блекпул и покрај поразот, остана во плејоф-зоната на петтото место.
📸 Dave Howarth – CameraSport via Getty Images



