Вториот меч од финалната КХЛ серија помеѓу ЦСКА Москва и Авангард Омск беше одигран денес во ,,ЦСКА Арена” среде Москва.
На него, домаќините дојдоа до победа од 3-0 и успеаја да израмнат на вкупни 1-1, откако го загубија првиот дуел со 1-4.
Откако првата третина помина без голови, резултатот го отвори Максим Шалунов, кој со погодокот во вториот дел му донесе почетно водство на тимот од руската престолнина.
Конечниот резултат беше поставен во третиот период, откако мрежата на Симон Хрубец ја затресоа Антон Слепишев и Александер Попов.
На голот на победничкиот состав стоеше несовладаниот Ларс Јохансон, кој со 20/20 одбранети удари дојде до нов шут-аут.
📸 Twitter: ХК Авангард



