Кошаркарките на Бадел 1862 славеа голема победа во супер дербито на 3.коло од Суперлигата над Баскет КАМ.
БАСКЕТ КАМ – БАДЕЛ 1862 68:78
Дербито на сезоната во женската Прва лига, односно Суперлига, во целост ги оправда очелувања. Двете рамноправни екипи (екипата од Каменица сеуште не ги користи услугите на српскиот двоец, Гобељиќ-Брајковиќ), во првото полувреме беа во танките на тоја епитет – непобедливи.
Блескави 20.минути имаше Анџелика Митрашиновиќ, која испорача 26. од вкупно 40.поени на домашната екипа (9/17 во шутот од поле), додека на другата страна, Трајчевска реализираше 14, а Стојановска уште 12.поени за Бадел 1862.
Одлична последна четвртина имаа гостинките од Скопје. Им олесна , и тоа многу, откако Митрашиновиќ ја доби петтата лична грешка, па до крајот на тој период имаа и убедливи (26-9) во тие десет минути од дерби-дуелот во Каменица, со кои стигнаа до големиот триумф.
На крајот од дербито, Трајчевска дојде до фантастичен ефект од 31.поени и 15.скока, Стојановска имаше 25.поени, плус и шест скока и исто толку освоени топки за сите 40.минути.
Кај домашниот тим потфрли Кметовска, која остана на бројката од пет поени и 12.скока, за повеќе од 34.минути во играта.
Па на половина од Суперлигата, Бадел 1862 година сега има победа повеќе во однос на најголемиот конкурент за титулата.
СУПЕРЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО
Крива Паланка – Струга 2009 55:92
Вардар – Работнички 91:49
Баскет КАМ – Бадел 1862 68:78



