ЖКК Струга 2009 тимот на селекторот Владо Ѓоровиќ одигра одличен меч во Крива Паланка од 3.коло на Супер лигата кај жените и славеше со убедливи 55-92. Уште на самиот старт гостинките се одлепија и до крајот само рутински ја зголемуваа разликата.
До првиот триумф во вториот дел, стружанки ги предводеше двоецот Спајиќ-Лаковиќ, кој реализираше 24, односно 21.поен. Но имаа добра соработка со Зендели (12.поени), Стојановска (11), и Модева, која реализира 10.поени.
Кај Крива Паланка, Марјановиќ дојде до уште еден висок двоен ефект од 25.поени и 16.скока, а Ѓорѓиевска даде 10.поени и имаше уште 6.скока.
КРИВА ПАЛАНКА – СТРУГА 2009 55:92
Комплетна статистика од мечот може да погледнете на следниот ЛИНК.



