Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби во првиот бараж дуел за СП од Романија, со убедливи 33-22. Сара Ристовска со 8 гола беше најефикасна, а по 5 погодоци за Македонија постигнаа Јанеска и Стојковска. Во составот на Романија блескаше најдобрата светска ракометарка Неагу со 11 погодоци.



