Екипата на Металург одигра одличен меч против фаворитот Вардар во 7.коло од Суперлигата со 27-31 (полувреме 15-15). Екипата на Иван Марковски парираше и играше одличен и атрактивен ракомет против Вардар се до 50.та минута кога губеа со 23-24. Во тие моменти деконцетрацијата на домаќините кои играа речиси цел меч со една постава беа пресудни Вардар да замине на плус 4 и веќе немаше можност за повторен камбек.
Најдобар кај Металург беше Дупјачанец со 10 одбрани, а во нападот блескаа Хорват со 7 , како и Калуѓеровиќ и Серафиов со 5 гола. Кај Вардар најефикасни беа Дибиров со 7 и Чупиќ со 6 погодоци.



