ЛА Клиперс, во отсуство на Каваи Ленард, успеаја да дојдат до шестата победа во низа, откако синоќа славеа над Индијана Пејсерс со 115-126.
Во првите три четвртини, предноста постојано преминуваше од едната на другата страна, но во последниот квартал, Клиперс целосно го држеа водството во своја корист.
Пол Џорџ (ЛА Клиперс) беше најефикасен кошаркар на паркетот со 36 кошеви, а од неговите соиграчи, по 22 поени додаде Маркус Морис.
Кај Пејсерс, дабл-дабл запиша Домантас Сабонис (20 поени и 13 скокови), а поефикасни од него беа Малколм Брогдон (29) и Керис ЛеВерт (26).
Во Источната конференција, Индијана (25-28) го држи деветтото место, додека Клиперс (38-18) се трети на Западот.
📸 Andy Lyons/Getty Images



