Денес беше одигран заостанатиот натпревар од второто коло на ирската Премиер дивизија во кој се соочија Дери Сити и Шамрок Роверс.
Актуелните шампиони се вратија од патувањето во Северна Ирска со нови три поени на своето конто.
Имено, Роверс триумфираа на гостувањето кај единствениот тим од британско тло во лигата со резултат од 0-2.
Двата погодоци паднаа во првиот дел, откако Рори Гефни (34′) и Греам Бурк (39′) ја затресоа мрежата на Нејтан Гертсајд.
Токму голот на Бурк влезе во конкуренција за најдобар погодок во сезоната затоа што беше постигнат од половина терен.
На табелата, после четири одиграни кола, Роверс ја држат третата позиција, додека Дери е на самото дно без ниеден освоен поен.
📸 Stephen McCarthy/Sportsfile via Getty Images



