Увертирата на четвртото коло од новата АФЛ сезона ја одиграа Сиднеј Свонс и Есендон Бомберс.
Двете екипи пружија фантастичен дуел, кој накрај заврши со (11.17) 83-80 (12.8) во корист на Сиднеј.
Во воведните триесетина минути, Есендон имаше навидум убедлива предност, која до крајот на првото полувреме се ,,стопи” со серијата од 30-3 на Сиднеј.
Во второто полувреме, резултатот само еднаш изнесуваше +11 во корист Сиднеј, а потоа варираше и на двете страни со едноцифрена разлика.
Накрај, од победничкиот состав најистакнат беше Ленс ‘Бади’ Френклин со 19 поени, о дносно со (3.1).
Ист учинок, од противничките редови, имаа Кејл Хукер и Џејк Стринџер.
Освен Френклин, од Сиднеј по два гола постигнаа Сем Рид (2.1) и Џастин МекИнерни (2.0), додека од Бомберс, истото му појде од рака на Алек Вотермен (2.0).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Сиднеј е прв со максимален број на поени, додека Есендон е десетти со само една победа.
📸 Cameron Spencer/Getty Images



