ТФТ ги заврши настапите во Лигата на Балканот, со пораз од топ-фаворитот за пехарот во БИБЛ Хапоел Гилбоа Галил со 71:105. Против Хапоел Гилбоа Галил беа конкурентни само една четвртина, онаа првата во која ја држеа барем онаа, резултска неизвесност. Но откако израелскиот состав дојде до двоцифрена предност, во вториот дел од втората четвртина, стана јасно дека Хапоел Гилбоа Галил е класа над нашиот претставник, кој ги заврши натпреварите од втората фаза на БИБЛ со максимално негативен скор. Четири порази во четири натпревари во групата „Ф“
ТФТ – ХАПОЕЛ ГИЛБОА ГАЛИЛ 71:105
На простувањето од ова меѓународно натпреварување во оваа сезона, кај ТФТ, Тај Херис реализираше,14.поени, Амир Смит дојде до, би се рекло, стандарден дабл-дабл скор, сега изразен со 12.поени и 11.скока, а двоцифрен број на поени – 10, имаше и Брендан Бејли.



