Серијата на Болтон од четиринаесет средби без пораз беше прекината денес, во рамките на четириесеттото коло од англиската Лиг 2.
Имено, поранешните премиерлигаши загубија за првпат после 23 јануари и тоа од Њупорт со 1-0.
Велшките претставници имаа целосно поразлична сезона од онаа на Болтон, со тоа што беа на врвот во есенскиот дел, а потоа следуваше негативна низа.
Сепак, Њупорт денес успеа да слави, иако беше благ аутсајдер.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Ники Мејнард (63′), кој погоди после пауза од дванаесет мечеви.
На овој начин, Каунти ја прекина серијата од три порази и остана на седмото место на табелата.
Од друга страна, Болтон испушти голема шанса за скок во топ 3, но сепак остана на четвртата позиција.
📸 Huw Evans Picture Agency



