Екипата на Борам Вуд ја продолжи својата необична серија откако во 36. коло од Националната лига го запиша и деветтото реми на последните десет средби.
Имено, тимот од Лондон денес одигра 2-2 против фаворизираната екипа на Хартлпул.
Домаќините од англиската престолнина водеа во два наврати на овој меч.
Најпрво, Тајрон Марш (4′) погоди за 1-0, а потоа за 2-1 стрелаше Кори Витли (26′).
Од друга страна, популарните ,,Манки хенгерс” израмнуваа двапати преку Гаван Холохан (5′) и преку Ричи Бенет (77′).
Клучен елемент за триумфот на Хартлпул беа дефанзивците, кои целосно го индиспонираа вториот најдобар стрелец во лигата – Кабонго Тшиманга.
На табелата, победничкиот состав остана на второто место, додека Борам Вуд се наоѓа на единаесеттата позиција.
📸 Twitter: Boreham Wood FC



