Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја прекинаа серијата од три порази и го совладаа Младост Богданци со 21-33 (12-14). Со оваа победа екипата на Жељко Бабиќ закажа финале на четвртфиналната група против Пролет.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Радовиќ со 6 и Петровски, Мандалиниќ и Мараш со по четири гола, а кај Младост се истакнаа Караиванов и Лашчакоу со по 6 погодоци.



