Откако вчера беше одложено тимското натпреварување во ски летови во Планица, истото се одржа денес, но само со една серија.
На него триумфираше Германија, за која настапија Пиус Пашке, Константин Шмид, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер.
На второто место се пласираше Јапонија, односно Наоки Накамура, Јунширо Кобајаши, Јукија Сато и Рјоју Кобајаши.
Веднаш после нив следуваше Австрија, претставена од Даниел Хубер, од Маркус Шифнер, од Штефан Крафт и од Даниел Хајбок.
Во продолжение следуваа Словенија, Норвешка, Полска, Русија и Финска, а без поени остана Швајцарија.
📸 Alexander Hassenstein/Bongarts/Getty Images



