Ненад Димитријевиќ и Хувентуд не успеаја да му го нанесат првиот сезонски пораз на славниот Виртус Болоња во второто, според квалитет, европско натпреварување.
Во вториот натпревар од четвртфиналето на Еврокупот, во Бадалона, топ фаворитот за освојување на ова натпреварување стигна до втората победа со резултат од 84:78 и со 2-0 ја затвори серијата, по која „Зелено-црните“ се збогуваат со натпреварите во Европа.
Ненад Димитријевиќ доста добро се носеше во дуелите со далеку позвучните имиња на европската и светска кошарка како Милош Теодосиќ и Стефан Марковиќ, кои се на првите бековски позиции во славниот италијански клуб.
Но во вторито дел се пожали на повреда. Собра 13:09 минути од играта во кои реализираше 7 поени, 3 скока, една асистенција и 4 загубени топки. Во полуфиналето, Виртус Болоња ќе игра против подобрата екипа во руската „мајсторка“ во која ќе играат Уник и Локомотив Кубан.
Фото и извор: https://kfsm.mk/



