Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски на денешната прес-конференција информираше за отпочнувањето на процесот за утврдување на законско решение за поранешните и сегашните спортисти да добијат право на пензиски стаж, пензиско осигурување и пензија.
Остварувањето на спортска пензија за поранешните спортисти и спортистки е само првиот сегмент од исполнувањето на мерките во однос на трудовите и социјалните политики во спортот.
Следен сегмент е поддршката за регулирање, односно субвенционирање на придонесите на сегашните спортисти и спортистки процес којшто ќе отпочне во вториот квартал од годинава и ќе тече паралелно со тој за спортските пензии.



