Во рамките на 18 коло, натпреварот помеѓу ЖФК Деспина и ЖФК Истатов беше презакажан поради неповолните услови за игра изминатиов викенд, а до победа стигнаа гостинските фудбалерки со изненадувачкиот триумф од 0:2.
Победата и новите три бода за истатавки се изненадување на колото, од причина што прилепчанки се во тесна конкурецнија за шампионската титула и преземање на приматот на минатогодишниот шампион и лидер оваа сезона тимот на ЖФК Каменица Саса.
Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера, а најзаслужни за победата се стрелците Дренуше Ајдини и Сара Хусеин која што од далечина постигна супер атрактивен гол и потсети зошто го носи репрезентативниот дрес.



