Резултатот на четврт-финалната серија помеѓу Металург Магнитогорск и Авангард Омск моментално гласи 2-2 во вкупен број на победи.
Имено, денес Металург, на домашен терен, го декласираше својот ривал со убедливи 7-1.
,,Лисиците” постигнаа по два погодоци во првата и во втората третина, а на нив им додадоа уште три во третиот период.
Голгетери за победничкиот состав беа шест различни хокеари, односно Григори Дронов, Тејлор Бек, Сергеј Плотников (х2), Денис Расмусен, Данила Јуров и Филип Холм.
Од друга страна, единствен стрелец за Омск беше Клим Костин, кој стрелаше во првиот дел за намалување на 2-1.
📸 Twitter: ХК Авангард



