Синоќа беше одиграна ,,мајсторката” од четврт-финалниот дуел на италијанската одбојкарска Серија А помеѓу Перуџа и Милано.
На него беше анулирано почетното вкупно водство на Милано, откако Перуџа славеше со убедливи 3-0 и се пласираше во полуфиналето.
По сетови, екипата од Умбрија го доби својот ривал со 25-14, со 25-23 и со 25-22.
Од сите играчи, најмногу поени постигна асот на Перуџа, Тајс Тер Хорст (19), а од неговите соиграчи, двоцифрен беше и Вилфредо Леон (12).
Од спротивната страна, Словенецот Тине Урнаут беше најефикасен со 14 поени.
Во полуфиналето, Перуџа, како првопласиран состав после регуларната сезона, за противник ќе ја добие четвртопласираната Монца.
📸 Twitter: Sir Safety Perugia Volley



