Младост и Тиквеш одиграа вистински трилер натпревар во плеј аутот од Супер лигата. Славеше Тиквеш со голот на Дарко Кондев на 5 секунди до крајот на мечот со 21:22. Кондев со 5 гола беше најефикасен кај гостите, додека го следеа Лазов, Симиќ и Медиќ со по 4. Кај домашниот тим прв стрелец беше Караиванов со 6 погодоци.



