Фудбалерите на Шкупи со превсрт стигнаа до победата на гостувањето кај Силекс со резултат од 1:3 во рамките на 24. коло од Прва МФЛ. Домаќинот поведе преку Каракамишев, гостите од Чаир успеаја да го свртат резултатот преку Абдул и Диак, а во финишот со третиот преку Региналдо ја запечатија победата. Вреди да се напомене дека Силекс во последните десетина минути играше со човек помалку.



