Кошаркарите на Хувентуд се еден чекор поблиску до заверката на пласманот во доигруавњето за титулата во најсилната лига во Европа. Во заостанат натпревар од 21.коло на „Ендеса“ лигата, во Мадрид, Хувентуд го победи Естудијантес со резултат од 90:83.
Ненад Димитријевиќ одигра нецели 20.минути во кои реализираше 7 поени, имаше и 4 асистенции и 2 скока за тоа време во игра. Ова беше 15.победа за екипата од Бадалона во 25.одигран меч, со која ја држи позицијата број 7.
Фото и извор: https://kfsm.mk/



