РК Работнички дојде до втора победа во првенството во рамките на ракометниот плеј-аут во Суперлигата откако славеше над тимот на РК Прилеп со резултат од 29:26 на полувреме беше 15:14.
Во победничкиот табор се истакнаа Тоше Ончев со 10 гола и Стефан Крстевси со 7 гола, додека кај гостите во листа на стрелци се запишаа Реваз Чантурија со 5 гола, а Биковски и Тренчевски зад своето име запишаа по 4 гола.



