Без Стоилов, Јотиќ, Валчак и Димитриоски, екипата на Вардар 1961 во рамките на СЕХА лига ќе се сочи против Нексе. Натпреварот започнува од 17:00 часот и се игра во Нашице.
Инаку Вардар дома го победи Нексе со резултат од 27:26, па хрватите сега со нов тренер на нивната клупа ќе сакаат да се реваншираат, а од друга страна ,,Црвено-црните” ќе бркаат триумф за да ја вратат самодовербата и победничката атмосфера.



