Англија поведе со вкупни 2-1 во интернационалната серија во Т20 крикет против Индија, откако денес славеше со 156/6 (20) – 158/2 (18.2).
Во првиот ининг, најистакнат беше Вират Коли со 77 поени, односно со 70 поени при партнерството со Хардик Пандја на последен викет.
Од Англичаните што фрлаа, најдобри беа Марк Вуд (3-31) и Крис Џордан (2-35).
Што се однесува до удирањето на европската селекција, најмногу поени имаше Џос Батлер (83), а освен него, двоцифрени беа Давид Малан (18) и Џони Беирстоу (40)
Од фрлачите на Индија, викети освоија само Јузвендра Чахал (1-41) и Вашингтон Сундар (1-26).
Четвртиот од вкупните пет мечеви ќе биде одигран во четврток со почеток од 14.30 часот.
📸 Surjeet Yadav/Getty Images



