Петтата овосезонска велосипедска трка беше вкупно 56. издание на Тирено Адријатико.
Станува збор за седумдневна трка на италијанско тло, којашто, овој пат, отиде во рацете на Словенецот Тадеј Погачар, кој триумфираше по петти пат на овој вид на трки.
Членот на ,,УАЕ Тим Емирејтс” започна релативно солидно, а со победата на четвртата етапа го презеде и водството во генералниот пласман што го држеше сè до самиот крај.
Освен со сината маичка, шампионот си замина со зелениот и со белиот дрес, кои го идентификуваа најдобриот планински и најдобриот млад возач.
Единствената категорија во која славеше друг велосипедист беше онаа за најмногу освоени поени. Истата му припадна на победникот на првата и на последната етапа, Воут Ван Аерт, кој ја заврши трката на второто место (+1:03).
Освен Погачар и Ван Аерт, етапна победа забележија уште Жулиен Алафилип, Матје ван дер Пуел (х2) и Мадс Вирц Шмидт.
Во генералниот поредок, од третото до петтото место се пласираа Микел Ланда (+3:57), Еган Бернал (+4:13) и Матео Фабро (+4:37).
📸 Michael SteeleGetty Images



