Шпанската јавност е изненадена од изборот на селекторот Луис Енрике, за претстојните мечеви на ,,Црвената фурија” од квалификциите за Светско првенство 2022 година против Грција, Грузија и Косово.
Енрике реши на листата да ги изостави Кепа Аризабалага, Хезус Навас, Регилон, Начо, Асенсио, Саул, Адама Траоре, Родриго Морено, Ињаки Вилијамс, а според многумина, најголемо изненадување е повикот за голманот Роберт Санчес.
Санчес брани за Брајтон, па Луис Енрике го повика како трети голман, заедно со Давид Де Геа и Унаи Симон. Повик во сениорскиот тим добија младите Педри и Брајан Хил, изненадување е и Педро Поро. Инаку голманот до скоро ниту во Брајтон не беше прв избор помеѓу стативите, а тимот грчевито се бори за опстанок во Премиер лигата.



