Во рамките на 17 коло од Прва ЖФЛ, тимот на ЖФК Кочани се поразени од ЖФК Деспина тим кој беше однапред голем фаворит и крајниот резултат гласи 0:9 на полувреме беше 0:5.
Убедлива победа против младата екипа од Кочани која е на дното од табелата.Во натпревар во кој пред се шанса добија помладите фудбалерки кои напорно тренираат и на најдобар начин ја искористија пружената шанса.
Натпреварот се одигра во фер и коректна атмосфера, а во листата на стрелци се запишаа Ангела Стојковска која дури 6 пати ја затресе противничката мрежа, а по еден гол постигнаа Катерина Милеска, Јована Ѓорѓиоска и Сара Евтинџиоска.



