
Во рамките на 15. коло од Првата футсал лига во Македонија во спортската сала „Тошо Арсов“ во Штип, се одигра натпреварот помеѓу КМФ Проект Јосифово и Мал Ајакс каде што КМФ Проект триумфираше со превисоки 17:2 на полувреме беше 7:0.

КМФ Проект условно беше „домаќин“ на овој натпревар поради рокадата во есенскиот дел, кога штипјани беа домаќини во Валандово, поради реновирањето на нивната спортска сала.Во крајно фер и коректен натпревар, лидерот на табелата постигна очекувана и висока победа против составот на Мал Ајакс.

Најзаслужни за новите бода се стрелците: Дарко Ранготов кој постигна 7 гола, Мартин Тодоровски хет-трик, Иван Крстевски 2 гола, Лазе Грбашлиев 2 гола, Александар Михајлов еден, Слободан Митков и Кирил Ивановски исто по еден гол, а Игор Лазов и Благој Шиндер беа стрелци кај Мал Ајакс. Следниот натпревар за КМФ Проект Јосифово е во рамките на 16 коло каде што гостуваат на екипата на КМФ Карадаку од Липково.

Фото и извор: КМФ Проект Јосифово



