Во текот на денешниот ден, во Крањска Гора, Словенија, беше одржана претпоследната овосезонска трка во велеслалом од Светскиот куп во алпско скијање во машка конкуренција.
На неа, со молскавичната втора серија, Марко Одермат (2:12,87) стигна до четвртата победа во кариерата, откако беше четврти после првата серија.
Со тоа, Одермат стана првиот Швајцарец што победил две велеслаломски трки во една сезона после Карло Јанка (2009/10).
Славјето на Швајцарија го дополни второпласираниот Лоик Мејар (+1,06), а третопласиран беше сензационалниот Штефан Бренштајнер (+1,09).
Голем трагичар беше Алексис Пантуро, кој од втората позиција после првото скијање, накрај падна до четвртата (+1,11).
Неговиот сонародник и светски шампион во оваа дисциплина, Матје Февр (+1,18), беше петти, а Филип Зубчиќ (+1,33) ја освои шестата позиција.
Во продолжение, пласман во топ 10 изборија Хенрик Кристоферсен (+1,34), Мануел Фелер (+1,45), Џино Кавиецел (+1,52) и Штефан Луитц (+1,53).
Со новиот развој на настаните, Одермат (625) го презеде првото место на поредокот во велеслалом од Пантуро (600).
📸 Alexis Boichard/Agence Zoom/Getty Images



