Кошаркарскиот клуб Партизан ја прекина соработката со Словенецот Сашо Филиповски и неговиот прв помошник Бобан Митев, па екипата ја презеде Александар Матовиќ, кој ќе биде трети тренер на Црно-белите, откако сезонава ја почна Владо Шќепановиќ.
Европскиот првак од 1992 година, и клуб кој во 2010 година играше фајнал-фор во Евролигата, во последните години мака мачи со пронаоѓање на вистинско решение на тренерската позиција.
Нашинецот Филиповски како шеф на стручниот штаб на Партизан, имаше 12 победи и 14 порази. Со оваа треенрска смена, Црно-белите” во рок од шест години им е седма ,Жртва”.



