Светското првенство во фристајл скијање во дисциплината дуал могулс беше одржано денес во Алмати, Казахстан.
На него, кај жените, со злато се закити Анастасија Смирнова, која во големото финале беше подобра од Викторија Лазаренко.
Во малото финале, до бронза стигна Анастасија Городко, триумфирајќи над Софијан Гањон.
Најдобрата натпреварувачка во тековната сезона, Перин Лафонт, го заврши натпреварувањето во четврт-финалето по поразот од Лазаренко.
Кај мажите, до шестиот златен медал од СП во кариерата дојде новиот светски шампион во индивидуалната категорија – Микаел Кингсбери.
Канаѓанецот во финалето го победи Австралиецот Мет Греам, кој е актуелен олимписки вицешампион во могулс.
Од друга страна, бронзата заврши во рацете на Икума Хоришима. Во малото финале, Јапонецот славеше над Бренден Кели, кој не ја заврши трката.
📸 Cameron Spencer/Getty Images



