Струмичкото градско дерби во рамките на 22 коло од Прва МФЛ заврши без голови и со поделба на по еден бод на двте страни со резултат од 0:0. Едно крајно сиромашно деррби одиграно на стадионот ,,Благој Истатов” во Струмица. Конечниот резултат не им одговара и на двете екипи, кои останаа заковани на дното на прволигашката табела.
По двете победи во низа, лидерот во првенството, тимот на Шкендија во градското дерби протов Ренова одигра реми со резултат од 0:0. По 22 одиграни кола во Прва МФЛ, Шкендија останува лидер со 47 бода, седум повеќе од Шкупи, додека трета е Македонија ЃП со 38 бода. Ренова и покрај бодот останува во опасната зона со 22 бода, четири помалку од Вардар кој е прв над опасната зона за испаѓање.



