Во увертирата на 35. коло од англискиот Чемпионшип, силите ги одмерија Хадерсфилд и Кардиф.
Двете екипи, во тврд натпревар, ремизираа со 0-0 на ,,Џон Смит’с Стадиум”.
Во првото полувреме, Кардиф ја имаше својата најдобра прилика, но Ејден Флинт погоди во пречката од голот на Рајан Шофилд.
Во вториот дел, освен неколкуте добри шанси, Хадерсфилд ќе жали и за промашениот пенал на Јаја Саного во 74. минута.
Сепак, со новиот поен, ,,Териерите” скокнаа на осумнаесеттото место, додека Кардиф е седми, но со натпревар повеќе во однос на најблиските конкуренти.
📸 Tim Goode/PA Images via Getty Images



