Екипата на Пролет направи изненадување и на домашен терен славеше над Металург со 29-26 во првото коло од плеј-офот од македонската ракометна Суперлига. Најдобар кај победникот беше Ласко Андоновски со 7 постигнати гола, додека Пецаковски и Потиќ дадоа по 5: Кај Металург Калуѓеровиќ даде 10 гола и тој беше еден од ретките расположени поединци.



