Денешното натпреварување на големата скокалница (ГС 137) во Оберстдорф, во рамките на Светското првенство во ски скокови, помина целосно во знакот на Штефан Крафт.
Минатосезонскиот првак на Светскиот куп беше прв на вчерашните квалификации, а исто така водеше и после денешните две серии за освојување на третиот златен медал во кариерата.
На втората позиција заврши Норвежанецот Роберт Јохансон, кој дојде до своето второ сребро на тековното СП.
Миленикот на домашната публика и новиот светски шампион во ски летови, Карл Гајгер, заврши на третото место и освои бронза.
Четвртопласиран беше новиот светски првак на мала скокалница, Пјотр Жила, а најдобриот Словенец, Анже Ланишек, беше петти.
Пласманот во првите десет го комплетираа: Мариус Линдвик, Јукија Сато, Даниел Хубер, Цене Превц и Јан Херл.
Поради позитивен тест на КОВИД-19, новиот освојувач на Светскиот куп, Халвор Егнер Гранеруд, не настапуваше на натпреварувањето.
📸 Matthias Hangst/Getty Images



