Единственото мешано тимско натпреварување во рамките на Светското првенство во ски скокови беше одржано денес на малата скокалница (ГС 106) во Оберстдорф, Германија.
На него, изненадувачки, домашната селекција водеше после првата серија, а накрај дојде и до златниот медал.
Зад Германија, на второто место се пласира Норвешка, додека со бронза се закити Австрија.
Во продолжение, редоследот гласеше: Словенија, Јапонија, Полска, Русија, Чешка, Финска, Канада, Романија и САД.
Состав:
Германија: Катарина Алтхаус, Маркус Ајзенбихлер, Ана Рупрехт и Карл Гајгер
Норвешка: Силје Опсет, Роберт Јохансон, Марен Лундби и Халвор Егнер Гранеруд
Австрија: Марита Крамер, Михаел Хајбок, Даниела Ирашко-Штолц и Штефан Крафт
📸 Adam Pretty/Getty Images



