Во рамките на 16 коло од продолжението на Прва ЖФЛ шампионот ЖФК Каменица Саса ја оствари највисоката победа за ова коло со резултат од 18:0 против ЖФК Кочани. Натпреварот помина во фер и коректна игра, каде што Саса излезе со вториот тим но сепак оствари висока победа.
Погодоците за ЖФК Каменица Саса ги постигнаа Стефанија Маринковска која постигна 4 гола, исто колку и Марјана Нацева, потоа хет-трик постигнаа Пале Николовска и Мила Талевска, двоен стрелец беше Рабиа Дервиши, додека по едн гол дадоа Анастасија Маринковска и Моника Георгиева.
Победата беше превисока за каменичанки против младата екипа на ЖФК Кочани, а играта им беше супериорна и сите беа мотивирани да прикажат најдобро од себе. Гостинската екипа се спротистави во склоп на нивните можности.



