вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт

(Фото) Дербито во футсал заврши тензично и со вандалски чин

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
февруари 27, 2021
📁 Спорт, Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Соопштение до јавноста по повод немилите настани на дерби натпреварот од 14 коло во Првата футсал лига одигран во четвртокот, 25.02.2021 помеѓу КМФ Арбен Бајрами и КМФ Проект во Скопје во кое се вели следново:

,,Дербито од страна на ФФМ беше прогласен за натпревар од висок ризик што подразбира преземање на дополнителни мерки за безбедност од страна на полицијата, со доволен број на полициски службеници! При нашето доаѓање пред салата (18 часот), затекнавме три млади полицајки и тројца полицајци, кои беа на влезот и внатре во салата. По паркирањето на возилата на паркингот и по 20 минутно чекање надвор поради опструирањето на работата на делегатот од страна на домаќинот кој инсистираше да има свое цивилно обезбедување од 15-тина клупски гавази во услови кога нема публика!!! делегатот мораше да им дозволи и дотичните влегоа на трибините!Уште при соблекувањето на нашите играчи на трибината, започна подготвеното сценарио: петарда со голема звучна и светлосна моќ одекна како бомба во салата, во близина на нашите играчи! Потоа надвор од салата одекнаа уште неколку.Никој ништо не презеде! Делегатот се трудеше да воспостави ред, но немаше подршка од домаќините и од полицијата!

* Натпреварот помина тензично, со благ притисок од домашната екипа, но затоа „обезбедувањето“ на домаќинот беше задолжено за провокации и закани кон гостинската екипа!

* Натпреварот заврши (како заврши) за на крајот двајца од редарите да скокнат во теренот, а им се приклучија уште двајца играчи кои сакаа да се пресметаат со нашата екипа! Полицијата ги спречи!

* Откако полициските службеници присутни во салата, на средината од второто полувреме увидоа дека проценката на нивните надредени за ваков ангажман и услови не е доволна, побараа засилување и кон крајот на натпреварот дојдоа поголем број полицајци (униформирани и во цивил)!Но, тогаш беше доцна, бидејќи добро организираната вандалска група веќе ја имаше завршено работата на паркингот, пред да пристигне полициското засилување!

* По завршувањето на натпреварот, полицијата не држеше речиси еден час во салата, како што рекоа поради наша безбедност. Потоа ги повикаа надвор тројцата сопственици на нашите возила со кои патуваше екипата! Останатите не задржаа во салата, но ни беше јасно што се случува! Конечно, откако не пуштија надвор (собрани во една група), видовме една застрашувачка слика на демолирани три возила со исечени пневматици, искршени ретровизори, оштетени бандажи и изгребани каросерии…

* Полицијата направи увид и записник, а крим техника обезбеди фото документација. На крајот со две шлеп возила беа кренати двете оштетени возила, а за третото обезбедивме гуми и со полициско обезбедување го напуштивме Чаир околу 23 часот!

* КМФ Проект на денешниот состанок на раководството, одлучи да ја запознае јавноста со овие вандалски и дивјачки случувања во Скопје со неколку фотографии и две видеа што следуваат во фото галеријата, а останатите материјали ќе ги достави до надлежните органи на ФФМ, кои ќе ги добијат и увидните материјали од полицијата.

* КМФ Проект, преку ФФМ ќе бара материјална отштета од КМФ Арбен Бајрами како домаќин на натпреварот, за санирање на штетата предизвикана врз нашите возила”! (Прилог: дел од случувањата во Скопје преку фотографии).

Фото и извор: КМФ Проект Јосифово

ShareTweet
Претходна вест

Збиен и тежок распоред за Милан во само 22 дена

Следна вест

ОК Струмица Жени со ново дерби и борба за трето место

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Македонски ѕид во Германија: Томовски ја реши битката за врвот!
Ракомет

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
16/Ное/2026
ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!
Ракомет

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!
Ракомет

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
15/Ное/2026
Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид
Ракомет

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Ное/2026
Следна вест

ОК Струмица Жени со ново дерби и борба за трето место

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.