Фернандо Торес, некогашниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Челзи и Ливерпул, изненади со неверојатната трансформацијата на телото. Откако се пензионира во август 2019 година, шпанецот продолжи со активното вежбање како и рекреативен бокс, па сега воопшто не личи дека некогаш бил фудбалер. Инаку, неодамна положи за тренерска лиценца, по што се приклучи на стручниот штаб на Б тимот на Атлетико Мадрид.

Покрај Атлетико Мадрид и Ливерпул, Торес играше уште за Челзи и Милан, додека кариерата ја заврши во Јапонија во тимот на Саган Тосу. Со ,,Црвената фурија”, Торес двапати беше европски првак и еднаш светски шампион.



