Дуелот помеѓу првопласираниот тим на Западот, Јута Џез и второпласираните ЛА Лејкерс се одигра синоќа во ,,Вивин Смарт Хоум Арена” во Солт Лејк Сити.
Како победник излегоа Јута Џез, кои триумфираа со убедливи 114-89.
Единствен неизвесен период од мечот беше првата четвртина, а веќе од втората, домаќините почнаа да ја одржуваат двоцифрената предност.
Најефикасен со 19 кошеви од таборот на Лејкерс беше ЛеБрон Џејмс, додека од редовите на Јута, Руди Гобер и Џордан Кларксон беа најпрецизни со по 18 поени, а Донован Митчел забележа дабл-дабл од 13 поени и од 10 скокови.
📸 Melissa Majchrzak/NBAE via Getty Images



