Ракометарите на Струга како гостин рутински славеа висока победа кај прволигашот Преспа во Ресен со 16-32 (полувреме 7-14) и се изборија за четвртфиналната група на Купот на Македонија.
Во тимот на Струга сите ракометари се запишаа во листата на стрелците. Најефикасен со 5 погодоци беше Пајкоски. По 3 гола постигнаа Цветаноски, Крстаноски, Лакичевиќ, Симоноски, Јанкулоски и Ракочија. Стрелци на по 2 гола беа Савески, Рајатовски и Костоски, додека по 1 гола дадоа искусните Николиќ, Димитријевски и Илиевски. На голот на Струга денес беа Мартин Јованоски и Марио Стојаноски.



