Јувентус рутинирано го совлада Кротоне со убедливи 3:0 за 13-та победа на актуелниот италијански шампион по 23 кола во Серија А. Домаќините се мачеа повеќе од половина час да го скршат отпорот на Кротоне, по што следуваше шоу на Кристијано Роналдо со двата погодоци кои ги реализира за помалку од 10 минути.
Конечните 3:0 во 66-тата минута ги постави американецорт Мекени. Со овој триумф, Јувентус застана на третото место на табелата во Серија А со 45 бода, осум помалку од лидерот Интер, односно четири бода помалку од Милан.



